EIT Community Hub North Macedonia
Активирање на капацитетите за иновација во Северна Македонија
Северна Македонија постепено го зајакнува својот иновациски екосистем, поттикнат од растечката стартап заедница, силниот инженерски потенцијал, меѓународно поврзаните универзитети и зголеменото учество во европските програми за иновации и претприемништво. Иако земјата сè уште го намалува јазот во однос на поразвиените иновациски економии, таа веќе покажува значајни потенцијали во дигиталните технологии, претприемништвото и развојот на deep-tech компании.
Според Европскиот индекс за иновации (European Innovation Scoreboard) за 2026 година, Северна Македонија е класифицирана како Растечки иноватор (Emerging Innovator), со иновациски перформанси на ниво од 38,5% од просекот на Европската Унија. Овој резултат укажува на потребата од понатамошни инвестиции и развој на екосистемот, но истовремено потврдува стабилен напредок и зголемен иновациски капацитет.
За забрзување на овој развој, Северна Македонија ја усвои Стратегијата за паметна специјализација (С3) за периодот 2024-2027 година, насочувајќи ги инвестициите и капацитетите кон четири приоритетни области: Паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, Информациски и комуникациски технологии (ИКТ), Електро-машинска индустрија и Индустрија 4.0, како и Одржливи материјали и паметни згради. Енергијата за иднината и туризмот се препознаени како хоризонтални приоритети што ги поврзуваат сите четири области.
Преку програмите Хоризонт Европа, ЕИТ, Дигитална Европа, Еразмус+ и други иницијативи за меѓународна соработка, македонските организации сè повеќе се интегрираат во европските мрежи за иновации, истражување и претприемништво.
Хабот на ЕИТ во Северна Македонија ги поврзува локалните иноватори со најголемиот европски иновациски екосистем преку Регионалната иновациска шема на ЕИТ (EIT RIS). Како асоцирана земја во програмата Хоризонт Европа, Северна Македонија има целосен пристап до RIS активностите, овозможувајќи им на претприемачите, истражувачите, студентите, стартапите, компаниите и јавните организации пристап до можностите што ги нудат сите Заедници за знаење и иновации на ЕИТ (КИЦ).
About the EIT Community Hub
Хабот на ЕИТ во Северна Македонија претставува национална порта кон заедницата на ЕИТ, поврзувајќи ги локалните иноватори со образовни програми, можности за создавање и развој на нови бизниси и соработка низ цела Европа преку EIT RIS.
Нашата мисија е да го зајакнеме учеството на Северна Македонија во европските иновациски мрежи и да ја зголемиме видливоста, конкурентноста и влијанието на домашните иноватори. Преку поврзување на академијата, индустријата, институциите и граѓанското општество, Хабот поттикнува создавање нови партнерства, инвестиции и раст базиран на иновации.
Хабот го зајакнува триаголникот на знаење помеѓу бизнисот, образованието и истражувањето и ги координира активностите на различните КИЦ-заедници на национално ниво, овозможувајќи им на локалните чинители полесен пристап до можностите на ЕИТ.
Обезбедуваме:
- Пристап и информирање – Промоција и локализација на можностите на ЕИТ преку информативни настани, презентации и активности за вклучување на иновациската заедница.
- Поддршка за развој и интернационализација на бизниси – Поврзување на стартапи и мали и средни претпријатија со акцелератори, инвеститори, ментори, пилот-проекти и европски пазари.
- Развој на вештини и таленти – Поврзување на претприемачи, студенти, истражувачи и професионалци со програмите за образование, обука и надградба на вештини на ЕИТ.
Активностите на Хабот се усогласени со Стратегијата за паметна специјализација 2024-2027 година и се насочени кон поврзување на локалните чинители со најрелевантните програми и можности на ЕИТ.
Имплементацијата ја предводи Бизнис акцелератор УКИМ (БАУ), првиот стартап и технолошки акцелератор во Северна Македонија, основан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и партнери од приватниот сектор.
Под водство на БАУ се успешно реализирани повеќе од 20 меѓународни програми со вкупна вредност поголема од 5 милиони евра, поддржани се над 120 стартапи и мали и средни претпријатија, евалуирани се повеќе од 400 иновативни идеи и се мобилизирани над 633.000 евра инвестиции за стартап компании. Воедно, во активностите биле вклучени повеќе од 1.500 претприемачи, иноватори, студенти и професионалци, како и над 50 меѓународни ментори, инвеститори и експерти. Преку учеството на БАУ во Европскиот дигитален иновациски хаб ДигитМак, Хабот дополнително ги поврзува компаниите со услуги за дигитална трансформација и поддршка на националните С3 приоритети.




„Хабот на ЕИТ во Северна Македонија ќе продолжи во својата дејност како суштинска врска помеѓу локалните засегнати страни и заедницата на ЕИТ во Северна Македонија. Со воспоставување на силни комуникациски канали и олеснување на меѓусебната координација помеѓу КИЦ-овите, ќе поттикнеме значајни соработки и иновативни решенија. Нашите напори да создадеме заеднички активности, споделување на локални извори за финансирање и организирација на настани за подигање на свеста за работата на ЕИТ ќе обезбедат постојан напредок на локалните екосистеми. Очекуваме нашата стратешка комуникација и прикажување на иницијативите на ЕИТ да привлече понатамошен ангажман и поддршка за идни проекти.”
АЛЕКСАНДАР СТАМБОЛИЕВ, КООРДИНАТОР НА ХАБОТ НА ЕИТ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
EIT Funding & Impact
Во периодот од 2021 до 2024 година, заедницата на ЕИТ инвестираше повеќе од 1,1 милион евра во Македонски организации, при што поддржа 18 стартапи и бизниси, вклучи 2.610 учесници во програми за претприемништво, образование и иновации, и поддржи 2 иновации подготвени за пазарот. Финансирањето за периодот 2023–2025 беше насочено преку пет Заедници за знаење и иновации на ЕИТ, при што ЕИТ Климатски промени е најголемиот донатор; 5 организации од Северна Македонија во моментов учествуваат во деловните планови на ЕИТ КИЦ-заедниците, што дополнително ја зајакнува интеграцијата на Северна Македонија во европскиот иновациски екосистем.
About the EIT Community Officer
Александар Стамболиев
Координатор на Хабот на ЕИТ за Северна Македонија
Александар Стамболиев ја извршува функцијата Координатор на Хабот на ЕИТ за Северна Македонија, служејќи како национална врска меѓу локалните иноватори и заедницата на ЕИТ од 2023 година. Во оваа улога, тој ја координира соработката помеѓу КИЦ-заедниците, мобилизира партнери од областите на бизнисот, образованието и истражувањето, и им помага на локалните тимови да пристапат до паневропски програми, финансирање и стручна поддршка во рамки на Регионалната иновациска шема на ЕИТ.
Александар носи повеќе од 27 години искуство како интердисциплинарен двигател на промени, работејќи на пресекот помеѓу претприемништвото, иновациите, економскиот развој, образованието и дигиталната трансформација. Неговата работа е насочена кон поврзување на академската заедница, бизнис секторот, институциите и граѓанското општество со цел создавање одржливи решенија, зајакнување на иновациските екосистеми и подобрување на пристапот до финансии за стартапи и компании во развој.
Неговата професионална позадина ги обединува финансиите, јавните политики и технологијата. Магистрирал Европска економија и меѓународни финансии на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим, а се специјализирал за корпоративно управување на Економскиот факултет при УКИМ. Дополнително се усовршувал преку извршни програми на Schulich Executive Education Centre при Универзитетот Јорк и програмата на MASHAV за управување со акцелератори. Исто така, има искуство како надворешен евалуатор на образовни и развојни програми финансирани од Европската Унија, што му овозможува успешно да ги поврзува европските можности, локалните капацитети и националните развојни приоритети.
Како извршен директор и коосновач на БАУ од 2018 година, тој раководи со дизајнирањето и имплементацијата на бројни програми за акцелерација, развој на стартапи и поддршка на иновации. Има евалуирано повеќе од 400 иновативни бизнис-идеи и активно придонесува кон мобилизирање инвестиции за компании со висок потенцијал за раст. Под негово водство, БАУ успешно спроведе повеќе од 20 меѓународни програми со вкупна вредност поголема од 5 милиони евра. Преку овие иницијативи беа поддржани над 120 стартапи и мали и средни претпријатија, вклучувајќи повеќе од 20 deep-tech стартапи во рамки на програмите на EIT HEI. Воедно, повеќе од 1.500 претприемачи, иноватори, членови на академскиот кадар, професионалци и студенти беа обучени и активно вклучени во програмските активности, додека над 50 меѓународни ментори, инвеститори и експерти придонесоа во развојот на локалниот иновациски екосистем. Преку овие програми се обезбедени повеќе од 633.000 евра инвестиции за стартап компании, а над 5.000 граѓани беа опфатени преку иницијативи поврзани со иновациите и циркуларната економија. Под негово водство, БАУ разви интегрирани и прилагодени услуги за поддршка на основачите во сите фази од нивниот развој, од валидација на идеја и развој на бизнис модел, до пристап до пазар и обезбедување последователно финансирање. Неговото искуство му овозможува да препознае системски предизвици и да ги претвори во практични можности за развој, инвестиции и создавање долгорочно општествено и економско влијание.
Контакт:
- Емаил: north.macedonia@eitcommunity.eu
- Телефон: +389 71 578 550
- Адреса: Руѓер Бошковиќ бр. 18, 1000 Скопје, Северна Македонија
- LinkedIn: EIT Community Hub North Macedonia
Приказни за успех
Откријте инспиративни приказни за успех од EIT Community Hub во Северна Македонија, кои ги прикажуваат иновациите и влијанието поттикнати од соработката и регионалната извонредност.
Western Balkans Start-up Ecosystem at a Crossroads
The Western Balkans Start-up Ecosystem at a Crossroads is a new joint review by the European Institute of Innovation and...
Smart Learning Factory – Skopje (SLFS)
The Smart Learning Factory—Skopje (SLFS) was established in 2023 and is situated at the Faculty of Mechanical Engineering, “Ss. Cyril...
Претстојни можности
Бидете во тек со најновите можности поврзани со иновативниот екосистем на Северна Македонија и активностите на EIT Community Hub.